Кремљ соопшти каде ќе се наоѓа Путин за време на воените вежби во сабота

Kremlin Pool/Global Look Press
Претседателот на Русија Владимир Путин за време на саботните вежби на силите за стратешко одвраќање ќе се наоѓа во контролната соба, соопшти прес-секретарот на претседателот на РФ Дмитриј Песков.

„Путин најверојатно ќе биде во контролната соба. Ваквите вежби, дури и вакви тренажни лансирања, се невозможни без шефот на државата. Знаете за познатиот црн куфер, за црвеното копче и слично. На кој начин конкретно ќе учествува претседателот не е информација за јавноста“, изјави Песков, пренесува РИА „Новости“.

Тој додаде дека вежби и тренажни лансирања на балистички ракети се одржуваат редовно.

„Вежбите и тренажните лансирања на балистички ракети претставуваат одреден процес кој е мошне редовен. Нему му претходат цела низа известувања до различни земји преку различни канали. Сето тоа е строго регулирано и кај никого не предизвикува никакви прашања ни стравови, не предизвикува ништо, бидејќи сите се однапред известени“, рече Песков.

Одговарајќи на прашањето за можноста за зголемена затегнатост на ситуацијата поради воените вежби во Русија, Песков истакна дека сите вежби што се одржуваат на територијата на земјата се целосно транспарентни.

„Се работи за она што сега го гледате дека се одржува низа вежби, и повторно тоа се акции кои се целосно транспарентни, апсолутно разбирливи за експертите од другите земји, така што тие не треба да предизвикуваат загриженост кај никого“, им рече тој на новинарите.

Претходно во петокот руското Министерство за одбрана соопшти дека в сабота, под раководство на претседателот Владимир Путин, ќе се одржат планските вежби на силите за стратешко одвраќање, при што ќе се одржат лансирања на балистички и крстосувачки ракети.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња