Руските специјални сили во Сирија ги испробаа уште поубојните камикаѕе-дронови „Ланцет-3“

kalashnikov.media
Се работи за летало кое доби нов дизајн што му овозможува значително подобри летечко-технички карактеристики. Надграденото летало има поголем долет од претходните типови во автономијата на летот во воздух, а доби и способност да носи потешка боева глава.

Руските специјални единици ангажирани во антитерористичката операција во Сирија применија модернизирано камикаѕе беспилотно летало од семејството „Ланцет“ кое е способно да носи поголема боева глава во однос на неговите претходни верзии, истакнува веб-порталот РИА „Новости“, повикувајќи се на извор од воено-дипломатската мисија.

Ова беспилотно летало е тестирано во борбени услови. Станува збор за нова верзија на камикаѕе-дронот „Ланцет-3“. Се проценува дека со ова летало се уништени неколку терористички цели, како фиксни, така и мобилни.

Се работи за летало кое доби нов дизајн што му овозможува значително подобри летечко-технички карактеристики. Надграденото летало има поголем долет од претходните типови во автономијата на летот во воздух, а доби и способност да носи потешка боева глава.

Што се однесува до претходните типови руски камикаѕе-дронови од семејството „Ланцет“, компанијата „ZALA Ланцет“ разви полесна и потешка варијанта на ова високопрецизно и исклучително опасно оружје. „Ланцет-1“ спаѓа во категоријата лесни беспилотни летала кое ќе има способност да носи минијатурни боеви глави со тежина од 0,7-1,0 килограми, додека на пример „Ланцет-3“ ќе биде малку потежок и ќе може да носи двојно поголема боева глава. Благодарение на аеродинамичниот облик на леталото, тоа ќе има зголемена маневарбилност како и стабилност при напад врз целта, со што се остваруваат максимални резултати кога се работи за избор на цели и самата прецизност на дејството. Станува збор за исклучително евтино вооружување, кое може да оствари максимална брзина од 80-130 км/ч, и да погоди цел на растојание и до 40 км. Нивната „интелектуална“ способност ќе им овозможи напади во поголеми групи-роеви.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња