
Шведски медиуми: Русија ги создаде најмоќните вооружени сили во Европа

Русија ги создаде најмоќните вооружени сили во Европа. Toа е заклучокот до кој врз основа на разговори со експерти дојде шведскиот весник „Свенска Дагбладет“.
„Денес Русија е на највисоко ниво на борбена готовност во последните децении, како во однос на оперативноста и мобилноста, така и кога станува збор за техничкиот потенцијал“, се наведува во текстот.
Денес Русија има исклучително функционална армија, која е способна да спроведува операции и блиску и многу далеку од нејзините граници. Оваа земја, според написот, гради не само носачи на авиони, туку и создава оружје од следната генерација, на пример, противсателитско и суперсонично оружје. Таа започна далекусежна соработка со Кина за проектира и произведува ново оружје, а одржа и заеднички воени вежби со таа земја.
САД, напротив, долго време не посветуваат доволно внимание на таквата модернизација, заклучува весникот.
Претходно аналитичарот Крис Озборн во статија за The National Interest напиша дека руските Вооружени сили, благодарение на својата модернизација, претставуваат нова опасност за САД и НАТО. Експертот потсети дека Русија не само што прави ново оружје, туку и интензивно го одржува и модернизира старото.