Иако борбата против ловците на непријателот не е примарна задача на рускиот противвоздушен ракетен систем С-500 „Прометеј“, овој систем е во состојба сериозно да ја намали ефикасноста на борбената авијација на непријателот поради големиот дострел на своето дејство, моќните сензори и интеграцијата со други системи за ПВО, пишува MilitaryWatch Magazine.
Карактеристиките на С-500, на пример, дострелот од 600 километри, се неспоредливи и неколкукратно ги надминуваат можностите на најблиските колеги, американските системи THAAD и Patriot, кои гаѓаат на максимална оддалеченост од 200 километри. Уште поимпресивна изгледа способноста на „Прометеј“ да пресретнува хиперсонични цели кои се движат со брзина од над 10 Маха (можностите на С-400 се ограничени на 8 Маха).
Конечно, моќта и разновидноста на сензорите на С-500 му овозможува на овој систем да детектира цели од типот „авион“ на растојание од 800 километри, да наведува противавионски ракети кон сателити и интерконтинентални балистички ракети, како и да соопштува информации за целите до „повеќе копнените“ противвоздушни системи како што се С -400, С-350 и „Бук“.
Меѓутоа, придонесот на „Прометеј“ во борбата против фронтовската авијација не е ограничен само на укажување на цели. Во современото воздушно војување на западните земји важна улога имаат и летечките радари и авионите-цистерни. Првите наоѓаат цели за „невидливите“ авиони F-22 и F-35, додека вторите го зголемуваат радиусот на нивното дејство (многу скромен во основната варијанта). Способноста на С-500 да соборува авиони на оддалеченост до 600 километри ги менува правилата на игра, бидејќи ја поместува зоната на примена на воздушните радари и танкери далеку од бојното поле. Способноста на рускиот систем да соборува сателити ја отежнува и работата на воздухопловните сили на непријателот, бидејќи споменатите F-22 и F-35 се многу зависни од нивната помош.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче