Ешалон со руска воена техника го поминува Кримскиот мост (ВИДЕО)

Министерство за одбрана на РФ/Sputnik
По изведената воена вежба единиците на Јужниот воен округ се враќаат во касарните.

Единиците на Јужниот воен округ (ЈВО) се враќаат во гарнизоните по маневрите на Крим, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

„Ешалонот со воена техника на единиците на Јужниот воен округ го помина Кримскиот мост на патот до касарните по извршената планирана воена вежба“, се вели во соопштението.

Тенковите, борбените возила на пешадијата и самоодните артилериски орудија се натоварени на специјални железнички платформи. Оваа оклопна техника по враќањето ќе биде подготвена за нова фаза на борбената обука.

Враќањето на единиците на ЈВО во гарнизоните беше најавен претходниот ден. Претходно беше соопштено и дека во маневрите се ангажирани засилени чети на баталјонските тактички групи. Воената вежба беше изведена на 15 полигони во зоната на одговорност на овој воен округ. 

Вчера официјалниот претставник на Министерството за одбрана на РФ Игор Конашенков изјави дека во касарните се враќаат и војниците од заедничката руско-белоруска воена вежба „Сојузничка одлучност 2022“ која започна на 10 февруари.

Заради завршната фаза од проверката на силите за реакција во рамките на Сојузната држава, во Белорусија останаа уште и трупи на Источниот воен округ и десантно-падобранските единици, но по 20 февруари, кога ќе заврши вежбовната операција, и тие ќе се вратат во своите касарни.

Во големите маневри кои привршуваат учествуваа речиси сите руски воени окрузи, флоти и десантно-падобрански трупи.  Министерството за одбрана на РФ во вторникот почна да објавува видеоснимки на кои се гледа како техниката ги напушта полигоните.

Од Москва и Минск повеќепати беше нагласено дека воената вежба има одбранбен карактер и не загрозува никого.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња