Американски експерти сметаат дека Русија би победила на тлото на Европа благодарение на ова оружје

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Американскиот веб-портал 19FortyFive објави текст кој искрено може да го загрижи врвот на американската војска и НАТО во целина. Станува збор за разработки на различни воени сценарија во кои една од страните би била руската армија. Таа би можела да го победи својот непријател благодарение на супериорноста кога станува збор за оружјата со голема разорна моќ. Детали во текстот.

Порталот напоменува дека Русија има неспоредлива предност во однос на НАТО кога станува збор за бројот на тактички нуклеарни боеви глави. Според нивните податоци, руската армија има околу 2000 боеви глави, додека во исто време американската армија има само 200 или 10 пати помалку. Работата станува уште поделикатна ако се знае дека на територијата на Европа американската војска може да се потпре на стотина боеви глави, додека остатокот се наоѓа на територијата на САД, пренесува веб-порталот РГ.

Аналитичарот Бренд Иствуд нагласува дека тактичкото нуклеарно оружје може да влијае решително на конечниот исход на евентуална војна. Ударните капацитети на руската армија кога станува збор за поседување на голем број мали тактички нуклеарни боеви глави ѝ даваат значителна предност во однос на потенцијалните соперници.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња