Инаку, „Панцир-СМ“, кој е наменет за опремување на руската армија, претставува капитална модернизација на рускиот противвоздушен хибриден ракетно-топовски систем со краток дострел „Панцир-С1“. Верзијата „СМ“ ќе користи нова ракета со зголемен дострел, како и нов радар со активна фазна решетка. Благодарение на овие подобрувања „Панцир-СМ“ ќе може да соборува воздушни цели на далечина и до 40 километри, што двојни ги надминува борбените можности на неговата основна верзија. Исто така, со интеграцијата на новиот радар значително ќе биде зголемена зоната на детекција при откривањето воздушни цели, која ќе изнесува преку 75 км. Оваа верзија на системот ќе биде специјализирана за борба против различни топови беспилотни летала, вклучувајќи ги и оние со исклучително мали димензии.
Новиот „Панцир-СМ“ е поставен на шасијата на оклопното возило К-53958 „Торнадо“ (8х8). Според специјалистите, се работи за поголемо возило со маса од 21 тон со носивост која достигнува 22 тони. Го движи дизел-мотор кој генерира 450 коњски сили. Менувачот е автоматски.
Како што уште во 2016 година соопшти началникот на ПВО во рамките на Копнените сили генерал Алексеј Леонов, новиот „Панцир“ ќе биде меѓувидовски систем кој подеднакво ќе го користат копнените единици, потоа единиците на крајбрежната одбрана и ВДВ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче