Рускиот ловец Су-30 е најдобриот напреден ловец од висока класа од генерацијата 4+ на светскиот пазар, пишува американското гласило Military Watch.
Како што се наведува во написот, Су-30 стана најпопуларниот извозен модел на четири континенти со подобра продажба од американскиот F-15. Таквата ситуација е предизвикана од фактот што руските авиони добија еден од најпрецизните на светот системи за наведување „воздух-земја“ и противбродско вооружување.
Американскиот F-15 Eagle ги задржа споредливите со Су-30 можности во низа области, меѓутоа, му недостасува маневарбилност, инфрацрвени системи за пребарување и следење, како и вооружувањето на рускиот модел.
Како што се наведува, други причини за популарноста на Су-30 се поволната цена и скалата на моделот, во зависност од буџетот и барањата на купувачите.
Американскиот F-15 во моментов е најскапиот извозен ловец. Ако на тоа се додаде и скапата муниција од американско производство во споредба со руските еквиваленти, најновите варијанти се целосно недостапни за големо мнозинство клиенти, наведува гласилото.
Су-30 (според кодификацијата на НАТО Flanker-C) е советски/руски повеќенаменски ловец од генерацијата 4+ со две седишта за постигнување доминација во воздухот.
Су-30 може да се користи и за управување со групни борбени дејствија за воспоставување надмоќ во воздухот, уништување на десанти на противникот во воздух, како и спроведување воздушно извидување и уништување на копнени цели во едноставни и сложени временски услови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче