Овој систем е наменет за уништување на позициите на ПВО и ПРО и на непријателот и неговите критично важни објекти во тактичката и оперативната длабочина на фронтот. Во неговото вооружување има ракети 9M723 кои се карактеризираат со корелациски тип на наведување и квазибалистичка траекторија.
Квазибалистичката ракета 9M723 се одликува со исклучително голема брзина на летот. Се карактеризира со променлива траекторија, па затоа претставува многу изискувачка цел која е многу тешко да се собори со системи за ПРО. Ракетата е способна да маневрира во висина и правец при брзини поголеми од 7500 км/ч/. Притоа таа трпи оптоварување до 30G. За време на својот лет може да достигне висина и до 100 км.
Нејзиниот максимален дострел изнесува 500 км. На таа далечина нејзиното максимално отстапување од целта изнесува само 5-7 метри.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче