Во видеоматеријалот на руската медиумска куќа РТ (верзијата на арапски јазик) е прикажана модификација на оклопниот автомобил „Тигар-М“ на кој е инсталиран модул со проектили „Корнет-Д1“ (извозна верзија „Корнет-ЕМ“). Според изворите на веб-порталот РГ, станува збор за возило кое ќе има командно-извидувачка функција.
Што се однесува до руската верзија на ова возило, врз база на оклопниот автомобил „Тигар“ (верзија ВПК-233116), извршена е модификација на системот „Корнет“ со ознака „Д“ (Корнет-Д). На возилото се инсталирани два носачи со по четири транспортно-лансирни контејнери (вкупно 8), на кои има посебни оптоелектронски уреди (ТВ + Иц + ласер за одредување на растојание и наведување). Во борбениот комплет има уште осум вакви ракети, кои многу брзо се оспособуваат за огнено дејство.
Ова му овозможува на операторот кој се наоѓа на совозачкото седиште истовремено да гаѓа две сосема различни цели. Носачите на кои е интегриран оптоелектронскиот комплекс со „снопот“ ракети може да се ротира за 180 степени, така што овозможува дејство во сите правци. Целиот систем е високо автоматизиран.
Со борбен комплет од осум ракети (+ дополнителни осум), ова возило теоретски би можело да уништи дури 8/16 од најсовремените тенкови кои моментално се во оперативна употреба. Нивниот ефективен дострел би се движел во опсег од 8-10 километри, што е навистина респектабилно растојание со оглед на докажаната ефикасност на оваа ракета. Покрај противтенковската ракета опремена со тандем-кумулативна боева глава (пробојноста на оклоп заштитен со динамичка заштита изнесува 1200-1300 мм на 10000 метри), има и ракети кои постигнуваат термобаричен ефект на целта. Овие ракети се исклучително ефикасни против непријателска жива сила, која е заштитена со природни и вештачки пречки.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче