Пара истребителей Су-57 в аэропорту Новосибирска. Фото: NSK Planes pic.twitter.com/Ya7VlPCdsM
— Ivan O'Gilvi (@o_gilvi) February 4, 2022
Авионите се префрлуваат од фабриката за авиони во Комсомолск на Амур во европскиот дел на Русија. Обележани се со црвени броеви „02“ и „52“. Првиот претходно не се појавуваше во медиумите. Него го краси амблем на 929 државен центар за тестирање на летови на Министерството за одбрана во Ахтубинск и најверојатно ќе ѝ биде доделен на таа единица. Претходно во Ахтубинск одлета Су-57 со бројот „01“, пишува bmpd.
Ловецот со број „52“ на вертикалниот стабилизатор на опашката има регистарска ознака RF-81775. Тој во 2018 година кратко време беше користен во Сирија во текот на борбеното тестирање на десеттиот борбен примерок на ПАК ФА, Т-50-11 кој е обележан со бројот „511“. Можно е вториот Су-57 да биде распореден во Центарот за воени тестирања и подготовка на персонал на Военото воздухопловство во Липецк.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче