Се појавија најнови фотографии од авионот-ловец од петтата генерација Су-57 (ФОТОАЛБУМ)

UAC/Global Look Press
Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација развиен од воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Наменет е за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, пред сé за остварување апсолутна воздушна доминација над територијата на која се изведуваат активни борбени дејствија.

На интернет-ресурсите можат да се видат фотографии од пар повеќенаменски авиони-ловци од петтата генерација Су-57 (евиденциски број црвен „02“ и „52“).  Судејќи според сé, овие летала ќе влезат во состав на единиците за обука на нови пилоти кои ќе управуваат со овие потентни борбени машини.

Се проценува дека овие летала од далечниот Сибир наскоро ќе бидат пребазирани во западниот дел на Русија.

Су-57 е руски повеќенаменски борбен авион од петтата генерација што го имаат развиени воздухопловните инженери на ОКБ „Сухој“. Тој е наменет за извршување огромен спектар задачи што можат да се постават пред една воздухопловна борбена платформа, како што е остварување на апсолутна воздушна превласт над територијата на која се изведуваат кривни борбени дејствија, уништување на најразлични копнени цели и површински бродови кои се зајакнати со современи противвоздушни борбени средства, операции за извидување и за надзор на воздушниот простор на голема оддалеченост, уништување на командна инфраструктура на непријателот итн.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња