Руски програмер направи „симулација на свеста“ на својот покоен дедо (ВИДЕО)

Програмерот и пронаоѓач од Перм Александар Осипович вгради „симулација на свестаˮ на својот покоен дедо во робот-терминатор што го направи на 3Д-печатач.

Програмерот дигитализираше седумчасовна видеоснимка со својот дедо кој често размислувал на глас и барал да се снимат неговите идеи.

Дигитализираниот материјал пронаоѓачот го инсталирал во системот на роботот, а „Терминаторотˮ со помош на систем за препознавање на говор „ги претвори медиа фајловите во текстˮ и создаде „референтна база на прашања и одговориˮ.

Роботот гледа, чувствува допир и разговара со гласот на Николај, дедото на Осипович. Снимката од експериментот е објавена на „Јутјуб“ на каналот на програмерот.

Според мислењето на Осипович, неговиот изум ќе им користи на луѓето на кои тешко им паѓа загубата на блиска личност.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња