Military Watch: Су-30 ги надминува сите западни ловци

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
Рускиот ловец Су-30 според маневарските способности и долетот ги надминува сите западни авиони од тој тип.

А борбените можности на најновата модификација Су-30СМ2, како што е 400 километри дострел на ракетите „воздух-воздух“, речиси двојно ги надминуваат способностите на авионите на НАТО, пишува Military Watch Magazine. Со сите свои доблести, Су-30 би можел да биде последната реинкарнација на легендарниот Су-27, смета изданието.

Најновата модификација Су-30СМ2, која штотуку почна да пристигнува во составот на Воената морнарица и Воздушно-космичките сили на Русија, ги презеде сите најдобри карактеристики на претходниот повеќенаменски Су-30 и првокласниот ловец Су-35. Моторите со променлив вектор на потисокот му обезбедуваат на авионот исклучителни маневарски способности за избегнување на непријателските ракети и му даваат предност во блиска борба. Верзијата СМ2 доби нов погонски систем од Су-35, со зголемен потисок и поголема економичност, што позитивно се одразува на долетот.  

Освен тоа, Су-30СМ2 има нов радар „Ирбис-Е“, исто така од Су-35. Не е ништо необично што Су-30 ја сочинува основата на ловечкиот авиопарк на руската армија со околу 130 летала. Планирано е сите да бидат модернизирани на нивото СМ2.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња