„Мртва рака“: Пет факти за најстрашниот руски систем за нуклеарна одмазда

Руска интерконтинентална балистичка ракета со стационарно боево базирање (подземни силоси) 5А35 / УР-100Н УТТХ / РС-18Б во транспортен лансер 15Я54.

Руска интерконтинентална балистичка ракета со стационарно боево базирање (подземни силоси) 5А35 / УР-100Н УТТХ / РС-18Б во транспортен лансер 15Я54.

Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.net
Овој систем може самостојно, без човечка команда, за го нападне непријателот со стотици боеви глави.

Руските вооружени сили имаат 700 „носачи“ на нуклеарно оружје во кои спаѓаат стратешки бомбардери, подморници на нуклеарен погон и закопани силоси за интерконтинентални балистички ракети.

Меѓутоа, ретко кому му е познато дека некои од овие системи можат да дејствуваат автономно и да ракетираат непријателски цели дури и ако целата територија на Русија биде уништена од нуклеарен напад.

Овој систем се нарекува „Мртва рака“. Како функционира тој?

Што е тоа „Мртва рака“?

Стратешка боева ракета во силос.

Станува збор за системот „Периметар“ (рус. „Периметр“) кој во САД го доби називот „Мртва рака“. Тој автоматски управува со нуклеарен одговор на извршен нуклеарен напад.

Поедноставно кажано, доколку територијата на Русија поради нуклеарен напад биде целосно опустошена, системот „Периметар“ со својата сопствена ракета автоматски ќе изврши нуклеарен напад на непријателската територија.

Зошто е направен?

По завршувањето на Студената војна советскиот воен врв сфати дека само една нуклеарна ракета ќе биде доволна за уништување на командното место од кое се управува со нуклеарниот арсенал.

Покрај тоа, беше јасно дека средствата за радиоелектронска борба ќе се развиваат и дека потенцијално ќе можат да ги блокираат каналите преку кои се управува со стратешките нуклеарни сили.

Поради тоа на вооружените сили им беше потребен резервен план за гарантирано возвраќање по пат на лансирање ракети со нуклеарно боеви глави од своите закопани силоси.

Концепцијата на новото оружје

Пробно тестирање на интерконтиненталната балистичка ракета РС-12М „Топољ“ на полигонот „Капустин Јар“ во Астрахањската област.

Извршувајќи ја оваа задача советските инженери одлучиле да направат интерконтинентална балистичка ракета која ќе се користи како централен команден пункт, односно која по полетувањето ќе ги активира сите останати закопани силоси на советска територија и ќе лансира ракети со нуклеарна боева глава во насока на непријателската територија.

Новата ракета ќе биде сместена во неодамна изградениот закопан силос (кој може да издржи директен погодок на нуклеарна боева глава) и ќе има однапред нагодени координати на летот и радиосигнали кои за време на својот лет ќе се испраќаат на другите ракети.

Како е направено ова оружје?

Ракетните единици за стратешки намени изведоа успешно лансирање на интерконтиненталната балистичка ракета РС-18 „Стилет“ (УР-100Н УТТХ) од космодромот „Бајконур“.

Како основа за новата ракета избран е УР-100Н (интерконтинентална балистичка ракета, според класификацијата на НАТО SS-19 „Stiletto“). Инженерите специјално за неа направија нова боева глава со моќен предавател.

Изградбата започна кон средината на седумдесеттите години од минатиот век, за кон крајот на истата деценија прототипот да биде упатен на прво тестирање во руската армија. Првите проби покажаа дека ракетата лета 4.500 километри на висина од 4.000 метри и во текот на летот успешно испраќа радиосигнали на другите објекти.

Пет години подоцна воената команда изврши „борбени проби“ за да се испита дали новото оружје може да отвори вистински закопан силос и да ја лансира најмоќната руска нуклеарна ракета кон зададената цел.

Во ноември 1984 година командната ракета беше лансирана во Белоруската ССР и успеа да испрати команда за активирање на закопаниот силос за лансирање во близина на Бајконур во Казахстан. Од силосот беше лансирана интерконтиненталната ракета Р-36М (според класификацијата на НАТО SS-18 „Сатана“) која успешно ја погоди целта на полигонот Кура на Камчатка. Така беа завршени сите фази на тестирањето.

Се покажа дека новото оружје може да ја прелета целата советска територија и истовремено по пат да испраќа оперативни команди на другите интерконтинентални балистички ракети.

Новиот систем беше воведен во експлоатација во 1985 година и сè уште се користи за заштита на руската територија.

„Мртва рака“ денес

Лансирање на тешката интерконтинентална балистичка ракета „Сармат“ од космодромот Плесецк, Архангељска област.

„Мртва рака“ е составена од ракети, но и од радари сместени на територијата на Русија, а исто така и од сателити кои собираат податоци од космосот. Ова е сложен компјутерски систем кој постојано го анализира широкиот спектар на параметри како што се сеизмичката активност и нивото на радијација, а исто така ги следи податоците на системите за рано откривање ракетни напади сместени по должината на руската територија.

„За време на експлоатацијата овој систем неколку пати беше модифициран. Пред сè Русија во него ги интегрираше своите нови средства за радиоелектронско извидување, како на пример радарите од класата 'Воронеж' кои откриваат ракети во радиус од 7.000 километри. Второ, инженерите ја модифицираа боевата глава така што таа им се спротивставува на новите средства за радиоелектронска борба кои сега се појавуваат и кои ги задушуваат радиосигналите“, вели Иван Коновалов, директор за развој на Фондот за унапредување на технологиите на 21 век.

Според него, ракетите на „Мртва рака“ се на ред на нив да се постават блокови хиперсонични ракети. Со помош на овие блокови ракетата ќе може да лета со брзина од 5 до 7 километри во секунда.

„Новите ракети ќе бидат интегрирани во арсеналот заедно со новите интерконтинентални ракети 'Сармат' што вооружените сили ќе ги добијат кон средината на оваа деценија. Така покрај нив ќе се појави модифицирана хиперсонична верзија на 'Мртва рака'“, вели експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња