На овој начин објектот се штити така што над него од квадрокоптер се распрскуваат ситни фрагменти муниција и така се создава појас низ кој дроновите не можат да прелетаат, пишува во документот објавен на сајтот на Федералната служба за интелектуална сопственост („Роспатент“).
Според информацијата што ја содржи рефератот за изумот, се работи за минијатурно летало со командна табла, повеќецевен борбен модул и четири телескопски насочувачи. Насочувачите се пружаат хоризонтално на страна и меѓусебно се споени со мрежичка. Мрежичката ја „распрскува“ истреланата муниција на ситни фрагменти кои се разлетуваат на сите страни.
Целисходноста на пронајдокот е образложена со сé поголемата опасност од напади врз важни објекти на воената и цивилната инфраструктура со помош на рој дронови.
„Интелектот“ на ројот подразбира координирани дејствија на голем број беспилотни летала кои функционираат во меѓусебна спрега и во спрега со околината во која се наоѓаат. И покрај едноставноста на самата техника, тие здружени дронови демонстрираат „исклучително сложено“ однесување и дејствуваат како еден голем организам.
Благодарение на слабата видливост, ројот може да има големо влијание врз текот на борбените дејствија со набљудување на теренот и напад од воздух на борбени возила, командни позиции, концентрирана техника и жива сила, дури и кога против него дејствуваат системи за ПВО средства за електронско војување.
Според експертите од Воениот универзитет, постојните средства за борба против рој дронови (ПВО, радиоелектронски средства, заштитни системи, авијација и стрелечко оружје) не се во состојба во полна мера да обезбедат извршување на задачата, а згора на тоа нивната експлоатација е прилично скапа.
Системот што е опишан во споменатиот документ покрива заштитен објект со фрагментациско поле. Кога е во борбена позиција, квадрикоптер виси во воздухот над објектот со отворена мрежа. Мрежните сензори го пресметуваат движењето на напаѓачкиот „рој“ и испраќаат сигнал до електричните капсули за полнење на повеќецевниот борбен модул. После тоа, сите цевки истовремено ја истрелуваат муницијата и се создава поле полно со фрагменти, кое ги уништува непријателските дронови.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче