ЦЕЛОСНА ДОМИНАЦИЈА: Американците го споредија рускиот Су-35 со основната верзија на ловецот Су-27

Министерство за одбрана на Русија
Интернет-порталот Милитари воч направи споредба на рускиот ловец Су-35 со неговата основна верзија која и понатаму ја користат определени земји од непосредното опкружување на Руската Федерација, и ги претставуваат како нивен најдобар авион. Американските автори во оваа пригода ги проценија шансите на овие борбени летала доколку дојде до нивна меѓусебна конфронтација во воздухот.

Авторот напоменува дека Украина од 2014 година се обидува да го зголеми бројот на своите оперативни борбени летала. Меѓутоа, додека нејзините воздухопловни сили некогаш беа меѓу првите пет во светот благодарение на наследството од Советскиот Сојуз, со текот на годините сè е изгубено. На пример, на почетокот на деведесеттите години од минатиот век флотата борбени летала кои се наоѓаа во составот на украинското Воено воздухопловство беше составена со повеќе од 1.000 различни машини, додека сега има одвај стотина.

Од овој број отприлика една ескадрила (14 единици) се составени од авион Су-24М со мошне ограничени можности кога станува збор за борба во воздух, додека останатите се сведуваат на ловечките апарати МиГ-29 и Су-27. Последниот спаѓа во категоријата најдобри борбени авиони на Советскиот Сојуз во времето на неговото распаѓање. Ова е тешко летало со мошне голем долет и респектабилна носивост на борбен товар. Меѓутоа, Украина немаше средства да го подигне на повисоко техничко-тактичко ниво.

Кога станува збор за Русија на база на ова летало развиена е длабоко модернизирана верзија Су-35 која е воведена во оперативна употреба во 2014 година. И покрај фактот што самото летало има практично ист облик во однос на својот претходник тоа има и низа технички предности во практично секој поглед. Неговиот летен змеј е изграден од мошне поцврст и полесен материјал (има многу композити) кои воопшто не се употребувани во базичната верзија на ловецот Су-27, каков што поседува Украина. На овој начин намалена е видливоста на авионот, додека од друга страна Су-35 може да понесе мошне повеќе гориво што дополнително го зголемува оперативниот долет. Во комбинација со моторот АЛ-41, кој има мошне поголем потисок и можност за управување со векторски млазници, летните перформанси на Су-35 стануваат значително поголеми од оние на Су-27.

Сепак, според авторот на овој текст, најзначајна предност на Су-35 во однос на Су-27 е неговата авионика: стариот авион користи застарен радар кој релативно лесно може да се попречи во современите услови на воздушна битка. Модернизираниот наследник користи авионски радар Ирбис-Е со фазна антенска решетка. Дострелот на детекција на целите со ефективна површина на расејување од три квадратни метри за Су-27 е само 80 километри, додека дострелот за откривање на ваквите цели со радарот Ирбис-Е изнесува дури 400 километри. Значи дека дострелот е за пет пати поголем.

Оптичко-електронската станица (ОЛС) што ја користи Су-35 исто така според своите техничко-тактички можности е мошне поквалитетна од онаа што ја користи Су-27 на украинското воено воздухопловство. Таа овозможува да ја воочи својата цел на далечина и до 90 километри, додека од друга страна постарата верзија нема што да бара кога станува збор за оддалеченост од 50+ километри. 35-ката може да употребува современи системи за електронско војување „Хибини-М“ и опремен е со многу посовремен систем за управување, за комуникација и за пренесување податоци.

На овој начин, според пишувањата на американскиот сајт Милитари Воч, пилотот на една Су-35 има далеку посупериорен увид во тактичката ситуација во однос на практично половината ловечко-пресретнувачки ескадрили на условниот непријател што ги користи основната варијанта Су-27.

Друга посебна област е вооружувањето

Во потенцијален воздушен судир и едниот и другиот авион главно ќе се потпираат на ракетите Р-77 и Р-27, од кои првата има активна радарска глава за самонаведување, додека другата, постарата, користи полуактивен тип на наведување кон целта. Вторава освен во Русија се произведува и на територијата на Украина, што претпоставува дека украинската воена индустрија има потенцијал истата да ја унапреди што не е случај со другите видови ракетно вооружување од класата воздух-воздух.

Она што на Су-35 му дава забележлива предност е ракетата со голем дострел Р-37М која значајно го надминува дострелот на гореспоменатите ракети и која поседува самонаведувачка активна радарска глава која во завршницата на својата патека (која може да достигне 300+ километри) ја детектира својата цел и ја насочува кон неа.

Благодарение на управливите млазници што му даваат на Су-35 врвни маневарски карактеристики, кои тешко можат да парираат и на најсовремените авиони на денешнината, секоја блиска воздушна битка со украинскиот Су-27 би била однапред позната.

Конечно, рускиот ловец Су-35 е проектиран за борба со ловци од петтата генерација и според пишувањата на американскиот медиум Милитари воч има огромна предност во однос на украинските ловци Су-27. Дури и во случај на значителна бројна надмоќ на украински ловци Су-27 во однос на Су-35 прашање е како би се завршила една таква воздушна битка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња