Во тек се големи воени вежби на руската флота во сите мориња кои ѝ припаѓаат на Русија

Министерство обороны РФ/Sputnik
Руската Воена морнарица изведува серија воени вежби во кои ќе учествуваат сите нејзини флоти во морињата кои се директно во близина на Русија.

Руските воени бродови увежбуваат заштита на главната траса на бродскиот сообраќај на Арктикот, соопшти Северната флота на Русија.

Вежбите на Арктикот, во кои е планирано учество на околу 30 воени бродови, 20 авиони и 1200 војници, имаат за цел процена на борбената готовност на руските трупи на Арктикот и нивната способност да гп заштитат Северниот морски пат.

Војниците ќе вежбаат одбивање воени закани и ќе помогнат да се осигура безбедноста на поморските патишта и поморската економска активност на руските области во северните мориња во случај на криза, соопшти Северната флота.

Минатата недела официјална Москва соопшти дека ќе изведе серија воени вежби, во кои ќе учествуваат сите нејзини флоти во морињата кои се директно во близина на Русија.

Вежбите ќе вклучуваат и маневри во Медитеранот, Северното Море, Охотското Море, североисточниот Атлантски океан и Тихиот океан.

Повеќе од 20 бродови на Црноморската флота денеска испловија од своите бази во Севастопол и Новоросијск за да се упатат кон зададените региони, се наведува во извештајот на Министерството за одбрана на Русија.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња