Руски воени стручњаци предлагаат непријателските нуркачи да се попречуваат со акустички бранови

Roger Winter / CHROMORANGE/Global Look Press
Примената на хидроакустички средства за борба против подводни диверзанти ќе овозможи да се минимизира штетата причинета како на напаѓачите така и на биосферата, и да се избегнат еколошките и други негативни последици.

Руските воени стручњаци сметаат дека против непријателските нуркачи треба да се борат со акустички бранови кои кај подводните диверзанти ќе предизвикаат болка во ушите, како и чувство на страв, слабост и потиштеност. Овој концепт е претставен во новиот број на рускиот магазин „Воена мисла“.

Како што истакнуваат авторите на проектот, непријателот може да примени диверзантско-извидувачки групи, вклучувајќи и борбени нуркачи, за минирање на бродовите и подморниците на Воената морнарица на Русија. Со иста цел можат да се користат и специјално дресирани животни како делфини, морски лавови, фоки и слично. 

Се предлага за борба против диверзанти да биде создаден систем на заштита, вклучувајќи системи за мониторинг, препознавање и ликвидација на загрозувачките елементи.  

„Во потсистемот за препознавање и дејствување како убојно средство денес треба приоритетно да се користи несмртоносно хидроакустичко оружје“, наведуваат авторите. 

„Важно е да се истакне дека делувањето на акустичките бранови во водна средина може кај жив објект да предизвика сетилни чувства кои се болни, но и појава на страв, вознемиреност, беспричинска непријатност и потиштеност“, објаснуваат воените научници. 

Следењето на системот би требало да ги детектира и дефинира координатите на објектот на потенцијалната закана како на оддалеченост од неколку километри, така и во непосредна близина на заштитениот објект, на оддалеченост од неколку десетици до неколку стотици метри. Токму најблиската зона на мониторинг е најповолна за дејство врз живи објекти кои ќе се најдат во напад, се наведува во статијата. 

Според авторите, примената на хидроакустички средства за борба против подводни диверзанти ќе овозможи да се минимизира штетата причинета како на напаѓачите, така и на биосферата, и да се избегнат еколошки и други негативни последици.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња