„Борбените можности на авионите се зголемени, притоа ловците ги задржаа сите карактеристики на Су-30: одличните маневарски способности, радарот со фазна антенска решетка и двочлениот екипаж, што овозможува истовремено водење на воздушна битка и гаѓање цели на земја“, соопшти прес-службата на „Ростех“.
Се соопштува и дека Вооружените сили на Русија добиле борбени возила на пешадијата БМП-3, модернизирани тенкови Т-72Б3, офанзивни хеликоптери Ми-28НМ „Ноќен ловец“ и Ка-52 „Алигатор“, како и системи за електронско војување.
Су-30СМ е тежок ловец за воспоставување доминација во воздухот. Благодарение на зголемениот екипаж и комплетот електронска опрема, тој не само што е способен ефикасно да ги извршува задачите во воздух и врз површината на земјата, туку може да се користи и како командно летало, пронаоѓајќи и обележувајќи цели за авионите во придружбата. Претходно беше соопштено дека за 2023 година е планирано да завршат тестирањата на Су-30СМ2 со мотори Ал-41Ф-1С (кои редовно ги има Су-35). Влечната сила на овој мотор е за 20% поголема од претходните модели, а работниот век е зголемен за четири пати.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче