Благодарејќи на хиперсоничните крстосувачки ракети „Циркон“ престанува потребата Русија да распоредува воена инфраструктура во странство. Дострелот на овие ракети им овозможува на руските бродови успешно да ги заменат воените бази во странство. Ова го изјави шефот на Одборот за одбрана на Руската Дума Андреј Картаполов во емисијата „Соловьев.Live“.
Како што истакна Картаполов, присуството на хиперсонични ракети го прави непотребно распоредувањето руски воени бази на Куба и во Венецуела. Тој додаде дека површинските бродови или подморниците со ракети „Циркон“ можат успешно да ги извршуваат задачите наоѓајќи се во било која точка на Атлантскиот океан.
Шефот на думскиот Одбор за одбрана нагласи дека базите не се само опасност, туку и дека претставуваат многу сензитивен „неподвижен објект“.
Во Русија претходно беше препорачано во вооружувањето на површинските бродови на Воената морнарица да се вбројат хиперсоничните ракети „Циркон“.
Како што соопшти службата за односи со јавноста на Северната флота, во текот на тестирањата извршени минатиот месец ракетата „Циркон“ речиси десет пати била успешно лансирана од површински брод.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче