За ова зборуваше рускиот воен експерт Константин Сивков кој гостуваше во емисијата „Соловјев во живо“. Според него, такво оружје тешко дека наскоро ќе се појави на Запад, доколку некогаш воопшто биде направено таму.
Како квалитативни примери на одвраќање на НАТО и САД, Константин Сивков го посочува забрзаното опремување на единиците на руската армија со напредните системи за воздушно-космичка одбрана С-500 и С-550, потоа почетокот на сериското производство на тенковите Т-14 „Армата“, борбените авиони Су-57 и хиперсоничните ракетни системи.
Покрај тоа, тој укажа и на потребата во стратешкиот вид на вооружените сили да се заокружи развојот на системот за нуклеарно одвраќање преку создавање на тнр. мегаоружје. Тука секако спаѓаат проекти како подводниот беспилотен систем „Посејдон“ - термонуклеарното торпедо со интерконтинентален дострел, вклучувајќи ги и балистичките ракети „Сармат“.
Според авторот, Русија во иднина би требало да го посвети своето внимание на почестото тестирање на ова оружје кое вклучува и развој на нови типови мултимегатонски термонуклеарни боеви глави.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче