Обелоденето новото вооружување на авионот Ту-160М (ВИДЕО)

Министерство за одбрана на РФ
Обновениот стратешки ракетоносец Ту-160М ќе носи нова генерација крстосувачки ракети од различен тип.

Во статијата посветена на првиот лет на потполно новиот авион, веб-порталот The Drive зборува за моделот Ту-160М и првпат го споменува неговото ново вооружување.

И покрај тоа што обновениот ракетоносец однадвор воопшто не се разликува од направениот во советско време Ту-160, тој е целосно поинаков современ авион. Ги има модернизираните и поекономични мотори НК-32-02, така што долетот сега му е поголем за илјада километри. Покрај тоа, има нова авионика и нови системи за навигација и врска. Има целосно нов систем за заштита чиј состав и карактеристики не се обелоденети, но може да се претпостави дека се работи за електронски системи за спротивставување на радари, како и за системи за наведување ракети. И, на крај, има и нов систем на вооружување.

Габаритите на отсекот за оружје останаа исти, така што во нив се распоредени два барабан-лансери за 12 крстосувачки ракети, додека самите ракети ќе бидат поинакви. По анализата на податоците од отворени извори, наведениот портал претпоставува дека во арсеналот на авионот Ту-160М, кој веќе ги има ракетите Х-101 и нуклеарната варијанта Х-102, ќе има и неколку типови ракети со среден и голем дострел кои допрва се во фаза на развој.  

Првиот лет на сосем новиот авион Ту-160М

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња