РБ-341В „Леер-3“, комплекс за радиоелектронска борба и радиотехничко извидување, Република Дагестан, воена вежба.
Министерство за одбрана на РФ/Twitter.com/Global Look PressКако што соопштува изданието Soha, системите РБ-341В „Леер-3“ и беспилотното летало „Орлан“ се забележани во единиците на вооружените структури на Алма Ата и Нур Султан. Системите за радиоелектронска борба овозможија откривање на местата на концентрација на терористите, попречување на нивната комуникација и спречување на координација меѓу одредите на екстремистите.
Наведеното издание истакнува дека системот РБ-341В „Леер-3“ првпат ѝ беше прикажан на пошироката јавност во 2015 година на изложбата „Ден на иновации на Јужниот воен округ“.
Треба да се истакне дека „Леер-3“ е цел технолошки комплекс со командно возило направено врз база на моделот „КамАЗ-5350“. Покрај апаратура за комуникација, тој има и катапулт за лансирање на беспилотни летала „Орлан-10“. Дронот, чија полетна маса е 18 килограми, а распонот на крилата поголем од три метра, може да развива брзина меѓу 70 и 130 километри на час (во зависност од модификацијата). За потребите на радиоелектронската борба беспилотното летало крева во небо полезен товар тежок 2,5 килограми.
Аеродинамичниот паѓачки предавател „Леер-3“ ја попречува работата на терминалите за мобилна врска GSM испраќајќи им сигнали кои имитираат „лажни“ базни станици со највисок приоритет и најголема сила на емитуваниот сигнал. Радиусот на зоната на блокирање на мобилната конекција изнесува околу шест километри, а беспилотното летало кое ја носи оваа опрема има долет од 200 км.
Покрај тоа, апаратот може да праќа масовни СМС пораки и да врши набљудување со детектирање на точките од кои се праќаат GSM сигнали, а на артилериските екипажи им праќа податоци за отворање на оган. Екипажот на системот „Леер-3“ се состои од пет члена.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче