На снимката е прикажано гаѓање од различни видови пушки со „руски куршум“ со калибар 12. Муницијата е навистина со необичен облик е многу е интересно какви пречки може да пробие овој уникатен куршум.
Најпрвин целта беше панцирен елек со кевлар без челична плоча. Од мало растојание од неколку десетици метри куршумот го пробива панцирниот елек како да е обична крпа.
Следната мета беше војнички шлем на силиконска кукла. И него „рускиот куршум“ го проби без проблем! Авторите на тестот коментираа дека војникот не би преживеал таков погодок затоа што куршумот целосно го проби шлемот.
Потоа на ред дојде тешка вреќа со цемент, но и таа беше пробиена, а шишето минерална вода ставено зад неа беше разбиена на парампарче.
И најпосле, куршумот од руско производство беше проверен и на последната мета. Тоа беше одливка леано железо дебела неколку сантиметри. Интересно е што куршумот и тука се покажа добро, пробивајќи толку тешка цел. Авторите на видеоснимката дојдоа до заклучок дека „рускиот куршум“ тешко се запира. На снимката не е наведена марката на оваа руска муниција ниту е кажано кој е нејзин производител.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче