„Форбс“: Руската противвоздушна одбрана е најсилна на светот

Виталиј Тимкив/Sputnik
Руската војска ја има најсилната противвоздушна одбрана на светот, сметаат експерти со кои разговараше магазинот „Форбс“. Секоја тактичка група со јачина на баталјон (основниот борбен елемент на Копнените сили на Русија) ја следат голем број противвоздушни системи од кои секој има своја задача.

„Русија има во вооружувањето најсовремена тактичка ПВО, интегрирана во борбените формации на копнените сили. Бригада, составена од четири баталјони, вклучува и посебен ПВО-баталјон преполн со ракети“, пишуваат Лестер Грау и Чарлс Бартлс во книгата „Војна на руски начин“.

Како прво, еден ПВО баталјон располага со 27 лесни преносни ракетни системи „Игла“ и „Врба“ со топлотно наведување и радиус на дејство од неколку километри. Две третини од ПЛРС се наоѓаат во предниот дел, а остатокот - на командниот пункт на бригадата. Операторите на преносните системи отвораат оган во пешадиски строј, додека за заштита на оклопната техника во формациите се наоѓаат  шест гасенични возила „ Тунгуска“. Тие се опремени со брзометни топови и ракети со топлотно наведување со дострел до 10 километри. „Тунгуска“ е надополнета со шест возила „Стрела-10“. Станува збор за лесни гасенични оклопни транспортери кои ги користат истите ракети како и преносните ракетни системи и се движат во близина на бригадната артилерија. Нивната задача е да ги штитат моќните орудија.

Дванаесет противвоздушни системи „Тор“ користат ракети со дострел до 16 км во далечина и 6,5 километри во висина. Тие се распоредени по сите формации на бригадата, при што Грау и Бартлс го нарекуваат ова „зонско покривање“. Таквата фронтовска ПВО е доволна за себе. Радарите на баталјонот можат да ги предупредат за приближувањето на непријателска авијација, но на ракетите со топлотно и командно наведување не им се потребни радари.

Целта на целосната противвоздушна одбрана е да се спречи непријателот да користи авиони, хеликоптери, крстосувачки ракети и беспилотни летала.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња