Суперсоничниот ловец-бомбардер Су-34 кој се наоѓа во состав на ВКС на руската армија претставува аномалија во светот на борбените летала благодарејќи на својот уникатен систем за складирање и напојување со гориво. За ова пишува американскиот веб-портал The Drive.
„Неговата способност да носи неверојатна количина гориво му овозможува да учествува во борбени мисии на големи растојанија. Овој факт го прави крал на млазните авиони“, заклучува авторот на текстот Томас Њудик.
Овој авион во своите три резервоари за гориво може да наточи повеќе од 12 тони гориво. Тоа е еквивалентно на речиси 4 внатрешни резервоари што ги има американскиот повеќенаменски борбен авион F-16, објаснува авторот на овој текст.
Покрај тоа, Су-34 може да прелета растојание од три илјади километри, а притоа да носи до шест воздухопловни бомби со тежина од по 500 килограми, четири ракети од класата „воздух-воздух“, вклучувајќи и два дополнителни надворешни резервоари со гориво. Во практична ситуација тоа значи дека Су-34 може да ги уништи своите цели кои се наоѓаат и до 480 километри зад линијата на фронтот, наспроти 290 километри кои може да ги „досегне“ неговиот претходник Су-24.
„Сухој“ Су-34 (рус. Сухой Су-34, НАТО Fullback) е тактички повеќенаменски ловец-бомбардер. Развиен е во KБ „Сухој“, а сериски се произведува во Новосибирската фабрика за авиони „Валериј Чкалов“. Неговата примарна намена се бомбардерски задачи, при што со употреба на ракети од класата „воздух-земја“ и авиобомби уништува широк спектар на копнени цели. Благодарение на неговата компатибилност со навистина обемната палета на воздухопловно вооружување, овој авион може да се бори против цели како на море, така и во воздухот.
Во последно време овој авион е зајакнат со современи системи за електронски пречки, што значително ја отежнува позицијата на противникот во евентуален воздушен судир со овој авион, како и непријателските екипажи на средствата за ПВО. Се одликува со голем долет и носивост на вооружување (8000 кг).
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче