„Набилданиот“ Су-30СМ2 со мотори АЛ-41Ф-1С и радар Н035 „Ирбис“ наскоро во руската армија

Slava Stepanov / GELIO
Претседателот на Русија Владимир Путин издаде директива со цел максимална унификација на оперативните повеќенаменски ловци Су-30СМ и Су-35С. Токму по тој повод е развиен пакетот модернизација СМ2 кој подразбира интеграција на моторот АЛ-41Ф-1С кој инаку го движи и суперманеварбилниот ловец Су-35С од генерацијата 4++, како и на неговиот радар Н035 „Ирбис“. Благодарејќи на овој радикален пакет на модернизација Су-30СМ2 ќе стане исклучителен небесен воен крстосувач.

Се очекува наредната 2023 година руската армија да ја добие модернизираната верзија на повеќенаменскиот борбен авион Су-30СМ2 со подобрени мотори и проширена листа на смртоносен арсенал.

„Во моментов ловецот Су-30СМ ја реализира фазата на специјализирани летечки тестирања (СЛИ) со мотори АЛ-41Ф-1С. Планираме да ги завршиме сите тестирања до крајот на 2023 година“, изјави за веб-порталот „Интерфакс“ неименуван извор од руската воздухопловна воена индустрија. Тој напомена дека при тестирањата ќе бидат реализирани околу 150 полетувања. Во овој момент успешно се реализирани десетина од нив.

Моторот АЛ-41Ф-1С („Изделие 117С“) е развиен за потребите на рускиот тежок ловец Су-35С од  генерацијата 4 ++. Има многу посилен потисок од неговиот претходник (16%), како и контролирани млазници со кои авионот може да изведува исклучително сложени маневри. На пример, може да лебди во воздух и да оствари брзина на хеликоптер. Исто така, тој е значително поекономичен од моторот АЛ-31ФП, кој му овозможува на модернизираниот ловец Су-30СМ2 да оствари далеку повисоки параметри на оперативниот борбен радиус во споредба со неговиот претходник. Моторите АЛ-41Ф-1С имаат 4 пати подолг работен век и трошат помалку гориво.

Претседателот на Русија Владимир Путин пред неколку години издаде директива со цел максимална унификација на оперативните повеќенаменски ловци Су-30СМ и Су-35С. Токму по тој повод е развиен пакетот модернизација СМ2 кој подразбира интеграција на моторот АЛ-41Ф-1С кој инаку го движи и суперманеварбилниот ловец Су-35С од генерацијата 4++, како и на неговиот радар Н035 „Ирбис“. Благодарејќи на овој радикален пакет на модернизација Су-30СМ2 ќе стане максимално „набилдан“ небесен воен крстосувач. 

Потсетник

Су-30СМ е авион со извонредни летечко-тактички карактеристики. Негова главна задача е остварување апсолутна воздушна доминација над поширокото подрачје каде што се одвива битката. Основен фокус се непријателските ловци и бомбардери, но може да се користи и за гаѓање цели на земја. Претставува еден од основните адути на ловечката авијација на руските Воздушно-космички сили. Исто така, овој авион бележи големи успеси во последните години кога е во прашање неговиот извоз. Активен учесник е во воздушната кампања во Сирија, каде што се покажа во најдобро светло. Руската армија располага со повеќе од 100 вакви летала.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња