Барањата кога е во прашање обликот на перспективниот борбен хеликоптер за потребите на руската армија ќе бидат завршени до средината на 2023 година. Претставници на руското Министерство за одбрана, во координација со специјализираните компании, ги завршуваат консултациите за техничките детали на новото летало.
Според рускиот интернет портал ТАСС, во моментов се одржуваат завршните консултации кои опфаќаат техничко финализирање на најважните елементи кои треба да ги исполни перспективниот борбен хеликоптер на руската армија. Се проценува дека најдоцна до крајот на 2023 година ќе бидат завршени сите преговори со руското Министерство за одбрана, што вклучува и избор на конечниот облик на перспективното летало. Потоа проектот практично ќе тргне во реализација преку активноста на воено-техничката комисија.
Претходно во ноември минатата година генералниот директор на холдингот „Хеликоптери на Русија“ Андреј Богински рече дека перспективните ударни хеликоптери ќе можат да летаат со пилот или без него (беспилотна варијанта). Како опција хеликоптерите со екипаж ќе имаат можност за вмрежување со заедничко информациско поле кое ги интегрира копнените контролно-управувачки пунктови и леталата, вклучувајќи ги и дроновите.
Покрај тоа перспективните хеликоптери, како и другите борбени летала, ќе имаат можност за примена на универзално вооружување. Самиот надворешен изглед на леталото, поточно неговиот финален дизајн, судејќи според сé, значително ќе отстапува од современите концепти какви што ги гледаме денес во светот.
„Кога ќе бидат финализирани барањата, ќе можеме да зборуваме и за елементите кои ќе обезбедат истите и да се исполнат“, рече Богински.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче