Сирија: рускиот спецназ ги преплави позициите на терористите со дронови-камикаѕе „Ланцет“

Информативна служба на Рускиот универзитет за спецназ
Целата операција за напад со лојтеринг-муниција ја изведоа единици од составот на Силите за специјални операции (рус. ССО) на руската армија кои дејствуваат на просторот на сириската провинција Хама. Покрај напади врз подвижни цели (атентати) во кои се наоѓаат важни терористички водачи, оваа муниција е идеална и за уништување на инфраструктурни објекти од кои терористичките групи црпат економски бенефити.

Во видеото се вели дека во таа прилика била уништена позиција каде што се преработувала украдена нафта. Во нападот учествуваа два дрона-камикаѕе. Целата операција за напад со лојтеринг-муниција ја изведоа единици од составот на Силите за специјални операции (рус. ССО) на руската армија. Се претпоставува дека во таа прилика се употребени дронови-камиказе „Ланцет“.

Според Сергеј Чемезов, кој ја врши функцијата генерален директор на концернот „Ростех“, интелектуалниот комплекс кој е дел од дронот-камикаѕе „ZALA Ланцет“ опфаќа неколку клучни тактички способности како што се извидување, комуникација, навигација и ударна способност. Ова беспилотно летало ќе се произведува во повеќе варијанти.

„Ланцет-1“ ќе биде многу лесно беспилотно летало кое ќе има способност да носи минијатурни боеви глави со тежина 0,7-1,0 килограми, додека, на пример, „Ланцет-3“ ќе биде малку потежок и ќе може да носи двојно поголема боева глава. Благодарение на аеродинамичниот облик на леталото тоа ќе има зголемена способност за маневрирање како и стабилност при пикирање врз целта, со што се постигнуваат максимални резултати кога се работи за избор на целите и прецизност на дејството.

Се работи за исклучително евтино вооружување кое може да оствари максимална брзина од 80-130 км/ч и да погоди цел на далечина и до 40 км. Нивната „интелектуална“ способност ќе овозможи напади во поголеми групи-роеви.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња