За време на тестирањата на Арктикот противвоздухопловниот ракетен систем С-500 „Прометеј“ од последна генерација успешно пресретна воздушна цел која леташе со хиперсонична брзина. „Лансирањето на ракетата од овој систем со голем дострел беше извршено врз цел која леташе со хиперсонична брзина. Притоа таа беше успешно пресретната и уништена“, изјави за РИА „Новости“ добро информиран извор, кој сакаше да остане анонимен.
ПВО/ПРО С-500 „Прометеј“ ќе може да се бори против комплетниот спектар воздушно оружје, вклучувајќи хиперсонични летечки објекти и боеви блокови на интерконтинентални балистички ракети. На нишанот на „Прометеј“ ќе бидат таканаречените „летечки радари“ и воздушни цистерни, без кои е многу тешко да се управуваат со борбените дејствија во воздух, што вклучува координација и по неколку воздушни полкови.
Основната „противавионска“ ракета што ќе ја применува системот С-500 ќе биде 40Н6. Таа ќе може да соборува цели на далечини и до 400 км. Оваа ракета веќе се наоѓа во вооружувањето на системот С-400 како негово врвно оружје. За пресретнување на балистички цели и хиперсонични летечки објекти се развива семејството ракети 77Н6. Овие ракети треба да ги заменат постарите модели 9М82 кои се наоѓаат во вооружувањето на системот С-300В.
Се смета дека „Прометеј“ ќе може да оствари ефективен хоризонтален дострел и до 600 км, додека висината на пресретнување на воздушните цели ќе биде драматично зголемена во споредба со претходникот С-400. Имено, новите типови ракети ќе овозможат борба со непријателските цели кои се наоѓаат во поблиската вселена. Новите можности на системот С-500 „Прометеј“ не ја исклучуваат можноста за соборување извидувачки сателити кои се движат во ниската орбита на Земјата. Треба да се напомене и дека овој систем ќе се карактеризира со високо ниво на автоматизација како и брзина на реакција која се мери во секунди.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче