Како што пишува американскиот веб-портал The National Interest, главната цел на руските нуклеарни подморници од класата „Бореj“, на која припаѓа и подморницата „Кнез Олег“ е уништување на непријателски урбани средини како што се градовите. Посебен проблем претставува фактот што овие подморници можат да извршат возвратен ракетен напад, иако комуникациската инфраструктура, вклучувајќи ги и другите нуклеарни потенцијали, е уништена во концентриран нуклеарен удар. Патем, иста задача имаат и подморниците вооружени со балистички ракети, кои ги имаат другите земји.
Во текстот особено се спомнуваат потенцијалите на нуклеарната подморница „Кнез Владимир“, која е првото пловило направено врз основа на модернизирана класа подморници 955А „Бореј“. Во материјалот се наведува дека овие подморници, вклучувајќи ги и подморниците направени според проектот на класата 955А, можат да носат до 16 интерконтинентални балистички ракети „Булава“.
Треба да се напомене дека неодамна беше успешно тестирано подводно лансирање на интерконтинентална ракета „Булава“ од нуклеарната подморница класа 955А „Кнез Олег“. Како што изјавија тогаш во Москва, оваа ракетна проба била реализирана во рамките на државната програма за тестирање која е специјално конципирана за подморниците од оваа класа.
Подморницата, која за време на лансирањето беше позиционирана во водите на Белото Море, успешно ја погоди целта, која се наоѓаше илјадници километри далеку на полигонот Кура на Камчатка.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче