Во Русија почна сериското производство на најновиот тенк Т-14 „Армата“

TASS
Покрај тоа, корпорацијата „Ростех“ соопшти дека испорачала ловци Су-57. Се наведува дека овие авиони од петтата генерација користат целосно нови технологии и нов пристап.

Во Русија започна сериското производство на најновиот тенк Т-14 „Армата“. Ова го соопшти првиот заменик-директор на државната корпорација „Ростех“ Владимир Артјаков.

„Нашиот нов тенк Т-14, за кој веќе зборува цел свет, влегува во сериско производство“, изјави тој во интервју за ТВ каналот „Русија 24“, пренесува ТВ „Ѕвезда“.

Покрај тоа, Артјаков рече дека се испорачани ловци Су-57. Тој истакна дека во овие авиони од петтата генерација се користат целосно нови технологии и нов пристап. Според заменик-директорот на „Ростех“, Су-57 е целосно ново летало кое практично нема пандан во светот.

Претходно беше објавено дека Русија ѝ предложила на Индија производство на оклопна техника врз база на платформата „Армата“.

Тенкот Т-14 на платформата „Армата“ е првиот во светот кој во својата концептуална замисла го реализира концептот на мрежноцентрично војување, каде што тој се користи првенствено како возило за извидување, маркирање цели и корекција на огнот на самоодните топови, противвоздушните системи и тенковите Т-90.

Т-14 е првиот тенк во светот со купола без екипаж. Екипажот е сместен во херметички оклопна капсула во предниот дел на трупот. Тоа му овозможува да биде безбеден во случај на експлозија на муницијата. Екипажот на тенкот може да работи во услови на хемиски напад или нуклеарна војна.

Т-14 е слабо видлив во инфрацрвениот, радио и магнетниот спектар. Со тоа, меѓу другото, за 2,7 пати се намалува растојанието на противтенковските наведувани ракети, како што е Javelin, што значи дека единиците на тие системи ќе бидат повеќе изложени на непријателски оган.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња