Т-14 „Армата“
Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.net„Кога зборуваме за најважните проекти кои значително ќе ја зголемат огнената моќ на руската армија, треба да се издвои нашиот нов тенк Т-14 „Армата“ за кој веќе на големо се зборува во светот, а чие сериско производство почнува“, рече заменик-генералниот директор на концернот „Ростех“ Владимир Артјаков за телевизијата „Русија 24“.
Тој исто така рече дека е почнато тестирањето на новите проектили кои ќе влезат во борбениот комплет на овој тенк. Проекциите се дека комплетната програма за тестирање ќе заврши до крајот на идната година.
Основниот борбен тенк Т-14 „Армата“ практично по сите карактеристики ги надминува сите тенкови што сериски се произведуваат во Русија, но и во странство. Неговата главна борбена карактеристика е навистина високиот степен на заштита, која се состои од пасивна и активна оклопна заштита, која според квалитетот нема тековен пандан во светот, потоа одличната подвижност и проодност, како и големата огнена моќ.
Основното вооружување на тенкот е новата генерација тенковски топ со калибар од 125 мм, со перспективна муниција и дигитализиран систем за управување со огнот. Сите „работни“ места каде што се членовите на екипажот се покриени со видеокамери и други сензори. Исто така, при неговата изградба е употребена технологијата за редукција на термичката и радарската рефлексија на тенкот, со што се добија високи „стелт“ карактеристики на тенкот.
Главната намена на овој тенк е зголемување на ударната моќ на оклопно-механизираните единици на руската војска, борба против тешкооклопни непријателски цели на непријателот, негови фортификациски елементи во рамките на фронтот и утврдена жива сила.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче