По модернизацијата фрегатата на Северната флота „Адмирал Чабаненко“ (од неодамна се водеше како голем противподморнички брод од класата 1155.1) ќе биде во состојба во својата класа бродови да го има најмоќниот ракетен арсенал кој ќе се состои од вкупно 32 крстосувачки ракети од различен тип. Колку за пример, фрегатата од истата класа „Маршал Шапошников“; која веќе се наоѓа во оперативна употреба во единиците на руската Воена морнарица, во вооружувањето има 24 крстосувачки ракети.
„Адмирал Чабаненко“ ќе има помоќно ракетно вооружување. Наместо две лансирни единици (8) со противбродски ракети Х-35 „Уран“, како што е случајот со „Адмирал Шапошников“, модернизираниот брод ќе има 4 такви единици со вкупно 16 ракети од тој тип. Се работи за супсонични ракети (брзина на крстосување од околу 0.85 маха) кои летаат многу ниско. Имено, на завршниот дел од траекторијата ракетата лета на само 3 метри над површината на водата (просечна висина на лет 10-15 метри). Опремена е со активна радарска самонаведувана боева глава од пробојно-разорен тип, со тежина од 150 кг.
Покрај тоа, во трупот на бродот ќе биде интегриран ракетен модул со 16 вертикални лансери за крстосувачки ракети со голем дострел „Калибар“, „Оникс“, (како и „Циркон“). Самата фрегата ќе носи до 32 ракети од различен тип, изјави за РИА !Новости“ извор од бродоградежниот сектор.
Покрај тоа, бродот ќе биде зајакнат со нов противвоздухопловен ракетно-артилериски комплекс „Панцир-М“ кој ќе го замени „Кортик“, нови радари како и други електронски уреди за различна намена. Модернизираниот брод во текот на наредната година ќе ја започне фазата на практични тестирања пред повторно да биде воведен во оперативна употреба.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче