Путин: Модерното оружје во руската армија сочинува 71%

kremlin.ru
Уделот на модерното вооружување во Вооружените сили на Русија достигна 71%, соопшти претседателот на РФ Владимир Путин.

„Веднаш да истакнам дека изминатата година, како и претходната 2020 година, беше извонредна, тоа и онака добро го знаеме, пред сé поради епидемијата на коронавирусот. И од суштинско значење е во тие тешки услови Вооружените сили прецизно, без одлагање, да ги исполнуваат сите задачи што стојат пред нив. Така, меѓу другото, продолжи општата модернизација на војската и морнарицата. Како резултат на тоа, уделот на модерното вооружување во Вооружените сили достигна 71%, а во Стратешките нуклеарни сили 89%“, рече Путин на проширената седница на колегиумот на Министерството за одбрана на Русија.

Шефот на руската држава додаде дека интензивно се работи на развој на најнови видови вооружување. На пример, на борбено дежурство се наоѓаат системите „Авангард“ и „Кинжал“.

Инаку, системот „Кинжал“ е направен на база на модернизираниот авион МиГ-31 и е опремен со хиперсонична аеробалистичка ракета. Според експертите, ниту една постоечка противвоздушна ракета не може да го пресретне. А хиперсоничните блокови „Авангард“ достигнуваат брзина од 24 илјади километри на час и се способни да ја коригираат својата траекторија до моментот на ударот. Исто така, „Авангард“ може да лета во густите слоеви на атмосферата со брзина од преку 20 брзини на звукот, маневрирајќи по правец и висина и совладувајќи ја противракетната одбрана.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња