С-500 „Прометеј“
Информативна служба на Министерството за одбрана на РФ/SputnikНа пример, овај систем со најновите ракети 77Н6 уништува боеви глави на балистички ракети во блиската вселена, на 600 километри оддалеченост од Земјата. За работа надвор од атмосферата е задолжен радарот со голем домет 60K6, кој е интегриран во системот и детектира цели на две илјади километри оддалеченост, а во исто време ја пресметува нивната траекторија и ги наведува врз неа противракетните проектили.
Што се однесува до авионите, системот С-500 ќе се носи со најнедофатливите модели, имено „невидливите“ ловци F-22 и F-35 и „невидливите“ бомбардери B-2. Доколку е потребно, системот може да ги дофати и летечките радари Е-3, без кои авионите F-22 и F-35 не можат да стапат во борба, како и авионите за дополна на гориво чија помош е од критична важност за палубната авијација. Со други зборови, пристојната дистанца на која треба да се држи непријателот сега веќе не е 400, туку 600 километри од руските објекти.
С-400 „Триумф“
AFPПократка е и реакцијата на „Прометеј“ на целта - тој реагира за 3-4 секунди, додека на „Триумф“ му требаа 9-10 секунди, пишува неделникот „Ѕвезда“. Новиот ракетен систем ќе биде интегриран во ешалонираниот систем за ПВО на Русија и во него ќе биде задолжен за покривање на далечниот воздушен појас на висина до 200 километри, како и за борба против комплексни цели и пресретнување на летечки објекти надвор од атмосферата. За поблиските зони Русија има доволно системи за ПВО со извонредни карактеристики. Уште една предност на системот С-500 е неговата мобилност. Овој систем може сам да се премести или пренесе со железница до потребната локација и таму брзо да се подготви за дејство.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче