Руските воени транспортни хеликоптери Ми-8/17 втори по популарност во светот

Вертолеты России
Руските повеќенаменски воени транспортни хеликоптери од семејството Ми-8/17 се на второ место по популарноста во светот се наведува во прирачникот World Air Forces 2022, кој го објави списанието Flight Global.

Според нивните истражувања во светот има 3 илјади активни хеликоптери од семејството Ми-8/17.

Ова руско летало сочинува 14% од светскиот број воени хеликоптери, пренесува ТАСС.

На прво место се американските хеликоптери од семејството UH-60 Black Hawk (3.926 летало, 20%), а на трето е американскиот офанзивен хеликоптер AH-64 Apache (1219 летала, 6% од вкупниот светски број).

Меѓу 10 најпопуларни воени хеликоптери во светот според процената на Flight Global влегуваат и руските летала од семејството Ми-24/35 (924 летала, 5%) и два типа летала проектирани уште од времето на војната во Виетнам: хеликоптерите UH-1 Huey (4 место, 989 летала, 5%) и CH-47 Chinook (5 место, 929 летала, 5%).

На ранг-листата на најпопуларни наставни транспортни хеликоптери на светот руските хеликоптери не се појавуваат. Во декември 2021 година во светот имало 19.946 активни воени хеликоптери, се наведува во извештајот.

Во мај оваа година, директорот на Федералната служба за военотехничка соработка на Русија Дмитриј Шугаев изјави дека Русија во 2021 година планира испорака на различни хеликоптери на странски купувачи во вредност од над една милијарда американски долари.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња