Фрегата „Маршал Шапошников“
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressКако што се соопштува од Министерството за одбрана на РФ, фрегатата на Тихоокеанската флота изведе лансирање на најновата ракета во водите на Јапонското море. Со боевиот дел на системот погодена е подводна цел за вежба.
За лансирање на противподморничката ракета „Ответ“ се користат универзални лансери кои се применуваат и за лансирање на крстосувачките ракети „Оникс“ и „Калибр“.
Од отворените извори е познато дека овој систем содржи противподморничка наведувачка ракета со самонаведувачко проитивподморничко торпедо со мали габарити. Кога се лансира од брод, ракетата има дострел од 40 километри.
Предвидено е системот „Ответ“ да се поставува на фрегати, на корвети и на крстосувачи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче