Су-57 Министерство за одбрана на РФ
Global Look PressЕдна од најважните проверки кои ги има тестирано авторот и водител на емисијата „Воено примопредавање“ Алексеј Егоров е стаклениот капак на кабината на најновиот руски ловец од петата генерација Су-57 е удар со токмак. Капакот е направен од високотехнолошко еластично стакло отпорно на удари, така што е мошне тешко сериозно да се оштети.
Егоров најпрво удира по капакот со мал гумен чекан, а потоа со обичен железен чекано, но ниту едното, ниту другото не го оштети – капакот остана цел.
Потоа на ред дојде железниот токмак. Но, ниту тој не го деформираше стаклениот капак. Токмакот само се одби од плексигласот на ловечкиот авион, без притоа да го оштети. На капакот останаа „лузни“ од ударот, но неговата видливост не беше намалена.
Завршното тестирање беше преминувањето со автомобил преку стаклото. Еластичниот капак на кабината во природна величина би се одбил од автомобилот, па затоа стручњаците направија намалена копија со истите карактеристики. Под малиот капак беше ставено грло од стаклено шише, а потоа автомобилот мина со тркалата преку авионското и обичното стакло.
Грлото од шишето под тркалата на автомобилот беше смачкано во парчиња, додека авионското стакло воопшто не беше оштетено.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче