Како Русите го „ставаа на маки“ автоматот АК-12 (ФОТОГРАФИИ)

Со автомат АК-12.

Со автомат АК-12.

Сергеј Бобилев/TASS
АК треба да издржи арктички студови и пустински жеги, и после тоа да функционира беспрекорно. Тоа беше условот автоматот да стане главното оружје на руската војска во наредните неколку децении.

Новинарите и блогерите сакаат да го подложуваат оружјето на екстремно тестирање: го замрзнуваат, го ставаат во кал, удираат со него по бетон и го фрлаат по асфалт.

Фабричкото тестирање на оружјето исто така може да биде интересно, исто како сцените што ги гледате на „Јутјуб“ (на пример, во програмата „Big Guns“ на порталот Russia Beyond), но тоа истовремено е прилагодено и на вистински борбени дејствија.

Како Русија го тестираше својот најнов автомат АК-12

АК-12 е направен на почетокот на 2011 година. Тестирањата траеја цели седум години, и дури потоа овој автомат беше вклучен во арсеналот на руската армија.

„Во првата фаза проверивме колку добро функционира прототипот на АК-12, дали е сé исправно и колку е ергономична новата конструкција“, вели Владимир Онокој од одделението за военоекономска соработка на групата компании „Калашников“.

Покрај тоа, инженерите ја проверија флексибилноста на оружјето - по колку истрели тоа почнува да се расипува, колку е прецизно во споредба со потенцијалната конкуренција и колку се сигурни неговите механизми.

Со автомат АК-12.

Сите забележани недостатоци беа отстранети, а потоа компанијата пристапи кон следната фаза - фабричко тестирање.

Главната цел беше да се дојде до сознание колку добро функционира оружјето во различни временски услови. Најпрвин автоматот беше чуван во топлински комори каде температурата варира од +50 до -50 степени Целзиусови, потоа во „правлива“ комора каде беше изложен на дејство на песочна бура од кварцен прав и на крај, во комора која имитира тропски дождови, за да се види колку е отпорен на вода, објаснува Онокој.

Секоја фаза траеше од еден до три месеци, во зависност од резултатите, а потоа оружјето се праќаше на армијата таа да го тестира паралелно со моделите што ги изработуваше конкуренцијата. Војската самостојно спроведе слични климатски тестирања, а потоа распореди голем број автомати во различни воени објекти ширум Русија, за да го провери оружјето во реални борбени услови.

Партијата автомати АК-12 во 2016-2017 година го помина тестирањето во десантно-падобранските единици и пешадијата, а ја испроба и морнаричката пешадија. Со овој автомат војниците совладуваа пречки на полигон, скокаа со падобран и ја проверуваа неговата ергономија во сите операции на терен, истакнува Онокој.

Но, ни тоа не беше сé. Воените функционери повремено по случаен избор избираа пар автомати од партија „подготвена за испорака“ и ја проверуваа компатибилноста на деловите, т.е. го расклопуваа оружјето и го проверуваа квалитетот на изработката, а потоа ги мешаа деловите и повторно го склопуваа оружјето. Ако барем еден така склопен автомат не функционираше, целата партија автомати се враќаше на доработка.

Компанијата претпоставува дека сегашниот АК-12 ќе им служи на вооружените сили во наредните неколку децении, и во овој момент не се планира дополнително да го модифицира своето оружје.

Концернот „Калашников“ во 2021 година го претстави својот најнов карабин АКВ-521 со неколку нови технички решенија кои можат да бидат искористени во идните проекти на семејството автомати „Калашников“ (АК).

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња