Русија ќе учествува во изградба на Центар за нуклеарни технологии во Србија

@rosatom
Руската државна корпорација „Росатом“ и владата на Република Србија потпишаа Генерален рамковен договор за изградба на Центар за нуклеарни технологии и Договор за основање заедничко претпријатие кое ќе го реализира овој проект на територијата на Република Србија.

Според овие договори, во текот на наредните три години во Србија ќе биде изграден Центар за нуклеарна медицина врз база на циклотронски  комплекс, како и објект за производство на радиофармацевтски лекови.

„Многу ни е драго што заедно со нашите српски партнери ги дефиниравме конкретните чекори и прелиминарните рокови за реализација на проектот, во кој ќе се користат иновативни руски нуклеарни технологии. Радиофармацевтскиот комплекс и центарот за нуклеарна медицина ќе обезбедат пристапност до високотехнолошка медицинска помош за граѓаните на Србија, која првенствено е насочена кон решавање на прашањето на борбата со онколошките заболувања“, изјави Алексеј Лихачев, генерален директор на државната корпорација „Росатом“.

Идниот центар значително ќе придонесе за развојот на Република Србија, во него ќе се применуваат најнапредни технологии: производство на радиоизотопи за медицински и индустриски цели, производство на легиран силициум за индустријата, давање услуги во одредувањето на составот на руди и минерали и примероци од животната средина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња