Во Сочи снимен пад на метеорит во море (ВИДЕО)

Komsomolskaya Pravda/Global Look Press
Видеоснимката од пад на метеорит во морето кај рускиот град Сочи се појави на социјалните мрежи. Снимката со реткиот феномен е направена во Лазаревскиот реон на ова туристичко место на југот на земјата, а според една од верзиите се работи најверојатно за болид, исклучително светол метеорит од опашка од чад.

Паѓањето обично е проследено со гласен пукот, експлозија, а понекогаш и со пад на метеоритот. Брзината со која болидите влегуваат во Земјината атмосфера изнесува од 11 до 73 километри во секунда.
На снимките објавени на интернет се гледа дека небесното тело најверојатно не успеало да дојде до земјата или морето и дека изгорело пред да стигне до нивната површина.

Последен пат беше објавено за пад на метеорит во Кубањ во ноември минатата година. Притоа овој феномен успеа да го сними жител на Кропоткино. Според него, објектот паднал на подрачјето на Казањска гора. Дали се работеше за метеорит или болид тогаш не беше точно утврдено.  

Жителите на Сочи и туристите вчера беа сведоци на уште една необична природна појава – формирање на асператуси. Овие чудни облаци со изразени брановидни структури во долните делови го пленат вниманието со необичниот спој на импресивен и застрашувачки изглед.  

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња