Јапонски туристи одлетаа на Меѓународната вселенска станица во руска ракета „Сојуз“

Роскосмос
Јапонските туристи Јусаку Маезава и Јозо Хирано одлетаа на Меѓународната вселенска станица во ракета „Сојуз“.

Ракетата „Сојуз-2.1а“ со вселенскиот брод „Сојуз МС-20“ полета од космодромот Бајконур. Таа ќе ги префрли на Меѓународната вселенска станица јапонскиот бизнисмен Јусаку Маезава, неговиот помошник Јоз Хиран и капетанот на бродот - рускиот космонаут Александар Мисуркин.

Вселенскиот брод пристигна во орбитата девет минути по полетувањето, а целиот лет до станицата би требало да трае околу шест часа. Поврзувањето на „Сојуз МС-20“ со Меѓународната вселенска станица е планирано за 16:41 часот по московско време. Екипажот ќе се врати на Земјата на 20 декември.

Туристите ќе учествуваат на Меѓународната вселенска станица во научната програма, а ќе ги извршуваат и задачите на корисниците на интернет од списокот „100 работи што сакате МЗ да ги прави во вселената!“ (100 things you want MZ to do in space!), ќе ги снимаат со камера и ќе ги објавуваат на YouTube.

На станицата ќе донесат новогодишни подароци за руските членови на екипажот, реквизити за задачите, како и јадливи сувенири: јадења од јапонската кујна прилагодени за исхрана во вселената.

Маезава и Хирано ќе бидат првите туристи во последните 12 години кои ќе долетаат на Меѓународната вселенска станица со вселенски брод „Сојуз“.

Од 2001 до 2009 година, со бродовите „Сојуз“ до Меѓународната вселенска станица се превезе седум туристи според договорот со компанијата Space Adventures, а Американецот Чарлс Симони двапати учествуваше во патувањето. Според податоците од различни извори, тие за своите вселенски летови платиле од 20 до 40 милиони долари.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња