Убиец на тенкови: Ефектот на противпокривните мини ПТКМ-1Р (ВИДЕО)

Саид Царнаев
Руските противпокривни мини ПТКМ-1Р спаѓаат во новата генерација противтенковска муниција.

Како што соопштува компанијата „Рособоронекспорт“, противпокривните мини ПТКМ-1Р ги напаѓаат најмалку заштитените делови на тенковите или самоодните артилериски орудија, а тоа се покривите на куполите или корпусот.

Надворешно овие мини значително се разликуваат од вообичаените средства со слична намена. Направени се во вид на транспортно-лансирни контејнери опремени со акустички и сеизмички сензори за пронаоѓање цели. Боевите елементи во нив исто така имаат инфрацрвени и радарски сензори.

ПТКМ-1Р се поставува рачно на 5 до 50 метри од местото каде што веројатно ќе помине непријателската оклопна техника. Се смета дека тоа значително го отежнува откривањето на овие мини.

Кога се приближуваат непријателски борбени машини, нападот се врши само врз оние кои според вревата и вибрациите на теренот одговараат на зададените параметри.  

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња