Руската армија наскоро ќе добие нов систем за ПВО со исклучително висока мобилност

„Гибка-С“

„Гибка-С“

www.vitalykuzmin.net
Во Русија се подготвува за сериско производство првиот мобилен комплекс за ПВО со мал дострел „Гибка-С“. Државните тестирања завршија во 2019 година.

Ова го изјави за ТАСС индустрискиот директор на кластерот за оружје, муниција и специјална хемија на државната корпорација „Ростех“ Бекхан Оздоев. Во состав на вооружувањето на мобилниот систем ќе се користат сериски ракети на преносни противвоздушни ракетни системи, пишува „Росијскаја газета“.

„Гибка-С“ е противвоздушен ракетен систем со мал дострел. Наменет е за обезбедување противвоздушна одбрана. Системот може да се користи против средства за воздушен напад, крстосувачки ракети и системи со високопрецизно оружје, кое лета на мали и релативни мали висини. Може да оперира во секое време на денот/ноќта и во услови на намалена видливост. Опремен е со четири готови за лансирање ракети  „Игла“, „Игла-С“ или „Врба“. Монтиран е на шасија на оклопниот автомобил „Тигар-М“.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња