Ми-28НМ
Евгениј Волков (CC BY 3.0)Самата ракета претставува прво руско високопрецизно повеќенаменско убојно средство за хеликоптери, изјави за веб-прталот ТАСС заменик-генералниот директор на холдингот „Високопрецизни системи“ Сергеј Михаилов. Таа е способна да ги уништи практично сите копнени цели кои може да се појават на бојното поле, пренесува веб-порталот РГ.
Тој додаде дека се работи на две модификации на ракетата кои ќе бидат наменети за борба против оклопна техника и други цели, при што екипажите на овие хеликоптери ќе можат да се борат со целиот спектар на цели што може да се појават за време на реализацијата на борбените мисии.
Ракетата со мали димензии „Изделие-305“, тешка околу сто килограми и со многу силна боева глава, се карактеризира со висока прецизност на максимален дострел од 15 километри. Според воените експерти, благодарение на своите димензии ракетата ЛМУР има големи шанси освен на јуришните хеликоптери Ми-28Н и Ка-52, да биде вооружување и на тактичките бомбардери и ударните беспилотни летала „Орион“.
Изделие 305 ЛМУР
vitalykuzmin.netОвој тип на ракета на тестирањата демонстрираше високи борбени квалитети и можност за широка примена – универзалност. Како резултат на овие успешни тестови со оваа ракета се планира опремување на неколку видови руски хеликоптери. Неа во своето вооружување ќе ја усвојат стандардните ударни хеликоптери (Ми-28Н, Ка-52), но и специјалните варијанти на воено-транспортните летала кои благодарение на напредните пакети за модернизација беа претворени во борбено-транспортни хеликоптери што ги користат Силите за специјални операции (ССО) како што се Ми-8АМТШ-ВН „Сапсан“.
Стандардните ракети кои се наменети за опремување на борбените верзии на хеликоптерите изискуваа постојан визуелен контакт меѓу леталата и целта која се гаѓа. Со воведувањето на ракетата ЛМУР ова повеќе нема да биде едно од главните барања. Имено, пилотите на хеликоптерите ќе можат да уништат цел која се наоѓа надвор од нивниот видокруг. Во првата фаза на летот на ракетата таа се управува инерцијално (во боевата глава е вграден високопрецизен навигациски систем кој е поврзан со сателитската мрежа ГЛОНАСС). Кога ракетата ќе дојде во зоната во која се наоѓа претпоставената цел, односно кога ќе влезе во терминалната фаза на летот, се активира оптоелектронската самонаведувачка боева глава. Благодарение на висококвалитетната камера и на блокот компјутерска опрема ракетата може самостојно да ја опфати својата цел и да се насочи кон неа, а може да се наведува и преку канал кој е поврзан со операторот на платформата од каде истата е лансирана. Силата на боевата глава е импозантна и се спакувана во оддел со тежина од 25 килограми. Овој простор за сместување на боевата глава е доволен за со ЛМУР да се уништи практично секој вид борбена техника кој се наоѓа во копнените сили.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче