Мали нуклеарни уреди може да се користат како алтернативен извор на енергија во станбените комплекси. Ова во интервју за РИА „Новости“ го предложи заменик-генералниот директор на компанијата „Донстрој“, Андреј Багаев.
„Имам една идеја која на прв поглед изгледа лудо: во станбените комплекси како извор на енергија да се користат мали нуклеарни уреди“, изјави претприемачот, додавајќи дека во Русија оваа технологија веќе се користи на мразокршачите и во нуклеарните подморници.
Багаев истакна дека нуклеарниот уред би можел да обезбеди енергија во згради за површина од 1,5 милиони квадратни метри, а неговото времетраење е ограничено на седум години. „Тоа е како да менувате батерија на секои седум години: луѓето не знаат за проблеми, нема прекини во снабдувањето, ниту пак плаќање на дистрибутерите на струја за приклучок“, вели заменик-генералниот директор. Тој објасни дека многумина можат да го доживеат овој предлог како шега, но дека иднината на човештвото е сепак во нуклеарната енергија. Затоа за ваквите идеи веќе треба сериозно да се размислува. Според претприемачот, за да се реализираат ваквите идеи, неопходно е да се сменат законите.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче