ПВО/ПРО-системите со долг дострел С-300 ПМ-2 „Фаворит“ преминаа во режим на зимска експлоатација

С-300

С-300

vitalykuzmin.net
Ракеташите на Западниот воен округ базирани во Воронешката област извршија подготовка на модернизираните ракетни системи со долг дострел за противвоздушна и противракетна одбрана С-300 ПМ-2 „Фаворит“ за експлоатација во зимскиот период на обука и борбено дежурство. Притоа беше реализиран комплексен сет технички операции кои обезбедуваат одржување на функционалноста на самата техника за време на долготрајното борбено дежурство во изискувачки метеоролошки услови.

Притоа беше реализиран комплексен блок за одржување на борбената техника, кој се состоеше од 30 технички операции, меѓу кои и замена на ракетите во транспортно-лансирните контејнери во услови на многу ниски температури.

Со ракетните екипажи кои ги опслужуваат овие исклучително способни борбени системи, беше реализиран и блок теоретска настава за безбедносните аспекти на употребата на ова оружје, практична обука за вежбање  на протоколите во случај на ненадејни дефекти на системот и општи подготовки за одржување на функционалноста на техниката за време на долготрајното борбено дежурство.

Ракетниот систем со голем дострел С-300ПМ-2 „Фаворит“ го здогледа светлото на денот 1997 година. Претставува универзален самооден повеќеканален ракетен систем наменет за одбрана на најважните државни и воени објекти и позиции од масовен удар на современи и перспективни авиони, стратешки крстосувачки ракети, тактички и оперативно-тактички балистички ракети и други средства на воздушно оружје, во сите дијапазони и при сите брзини на нивниот лет. Системот ефикасно дејствува при интензивно противелектронско дејство кое создава активни и пасивни пречки. За него е конструирана и нова ракета 48Н6Е2, која ја зголеми далечината на пресретнување на балистички ракети (до 40 км) и аеродинамични цели (до 200 км). Овој систем со веројатност од 98% може да пресретне и уништи цел еквивалентна на тактички ловец на далечина до 200 км, додека балистичките проектили со иста веројатност ги пресретнува на далечини до 40 км. Притоа максималната брзина на целта што ја гаѓа е до 2800 м/сек.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња