Dubai Airshow 2021: голем интерес за набавка на рускиот ПВО-систем „Тор“

9К331М Тор-М2

9К331М Тор-М2

vitalykuzmin.net
Руската воена делегација која Меѓународниоѕ воздухопловен саем Dubai Airshow 2021 претстави широка гама свои производи успешно го заврши овој проект. Особен интерес кај странските партнери предизвика семејството самоодни противвоздушни системи со краток дострел „Тор“.

Во текот на саемот претставниците на руското Министерство за одбрана и на военоиндустрискиот комплекс реализираа голем број средби со претставници од Индија, Египет, Алжир, Бангладеш, Пакистан, Малезија и голем број други земји.

Што се однесува до учеството на ВКО „Алмаз-Антеј“, тие потврдија дека голем број посетители на штандот со вооружување што го изложи оваа компанија биле заинтересирани за набавка на противвоздушните системи со краток дострел од семејството „Тор“. Во новите геополитички околности, овие руски самоодни системи со голема мобилност се способни да го „контролираат небото“ на далечина до 15 и висина до 12 километри. Тие се способни истовремено да нападнат голем број цели и од стационарна положба и во движење. Сето ова му дава на овој систем одлична извозна перспектива.

Последните модификации на семејството вакви системи кои имаат исклучително голем простор за модернизација (непрекинато се унапредуваат) ги носат ознаките 9К332 „Тор-М2“ и „Тор-М2КМ“,

Противвоздухопловниот ракетен комплекс 9К332 „Тор-М2“ претставува една од најнапредните верзии на овој систем. Се работи за многу ефикасен систем наменет за борба против авиони, хеликоптери, беспилотни летала и, особено, против високопрецизни наведувани бомби и ракети. Претставува систем со краток дострел (во далечина 15км/по висина 10км), и е идеален за заштита на оклопно-моторизирани колони во марш или во тек на активни борбени дејствија. За разлика од претходните верзии на овој систем, „Тор-М2“ има 16 ракети (претходните верзии имаа капацитет од 8 ракети). Се одликува со подвижност, кратко време на реакција по забележана цел, автоматизација при гаѓањето, исклучителна ефикасност при уништување на цел спектар воздушни цели, како и висок степен на отпорност на средства за ПеБ (средства за противелектронска борба).

Што се однесува до верзијата на системот „Тор-М2КМ“, станува збор за модуларен комплекс кој се состои од автономен борбен модул, кој може да се распореди на голем број мобилни шасии, вклучувајќи и камиони. Може да се користи и како фиксен ПВО-комплекс. Исто така, на универзален транспортер со висока проодност ДТ-30ПМ „Витез“ е интегрирана специјална арктичка модификација на овој систем, која меѓу другото, е способна за работа во екстремни климатски услови.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња